Возач излета од патот Кичево-Охрид, се здоби со тешки повреди
February 13, 2025

Охрид, 13. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Возач излета од патот Кичево-Охрид пришто се здоби со тешки повреди.

– На 12. февруари 2025 во 14:05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај девијација село Ново Село, Општина Дебрца, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 34 годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, стои во билтенот на МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ИнПрес