Утрена богослужба и литургија во црквата Св. Троица по повод празникот Св.Трифун
February 13, 2025

Охрид, 13. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Светата Православна црква утре го празнува Светиот маченик Трифун.

По тој повод во црквата Св. Троица ќе се служи утрена богослужба со почеток во 07:30 часот, а литургија ќе се служи со почеток во 08:30 часот.

По литургијата ќе следи осветување на водата и прекршување на празничниот леб пред новоизградената проскинитарија на светиот маченик Трифун, со избор на нов кум, а потоа и закројување на лозјата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива