Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Подгорица, 20. февруари 2025 (ИНПРЕС) – На иницијатива на Министерството за образование, наука и иновации, училишните одбори на основните и средните училишта во Црна Гора донесоа одлука за забрана за користење на мобилни телефони за време на наставата.

Исклучок се случаите кога нивна употреба од страна на предметниот наставник е предвидена како наставна алатка за реализација на одредени наставни единици преку секојдневна подготовка. Ова го соопшти ресорното министерство.

– Одлуката предвидува и посебни околности (итни случаи, здравствени причини и слично) во кои учениците по одобрение од предметниот наставник или управата на училиштето можат да користат мобилен телефон. Во наредните денови Министерството за образование, наука и иновации, во соработка со училиштата, ќе ги создаде потребните предуслови за целосно спроведување на донесената одлука, се вели во соопштението.

Тие наведуваат дека споредбената практика во голем број земји покажала дека укинувањето на мобилните телефони во училиштата генерира позитивни ефекти врз резултатите што ги постигнуваат учениците во образовниот процес, па сосема е очекувано и забележано дека има зголемување на бројот на земји кои, генерално или во рамките на поединечни образовни институции, воведуваат различни форми на делумна или целосна забрана за употреба на мобилни телефони во училиштата.

– Покрај тоа, на ниво на Црна Гора има училишта кои веќе имаат донесено прописи за забрана за користење на мобилни телефони за време на наставата, а позитивните ефекти од оваа одлука ги потврдија и наставниците и родителите, но и самите ученици, се вели во соопштението. (Крај)

извор: ТВ21 фото: архива

Post navigation

Previous Oхридскиот театар вечерва ја започнува новата сезона
Next Охридската библиотека доби 1 160 000 денари поддршка од министерството за култура за реализација на 17 проекти

Слични вести

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст? Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?
1 min read

Здравје: Колку брзо треба да истрчате еден километар според вашата возраст?

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид
1 min read

Концертот „MTV Greatest Hits“ на Битолскиот оркестар DIVA следната недела во Охрид

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото) Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)
1 min read

Граѓаните со апел навремено да се одржува зеленилото долж  патеката Канео-Плаошник-Лабино (Фото)

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.