Охрид, 4. март 2025 (ИНПРЕС) – Денес напладне во охридската библиотека „Григор Прличев“ предавање на тема „Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“ ќе одржи д-р Арсо Митрески.
– Шеќерната болест го забрзува затнувањето, односно артериосклерозата на крвните садови во мозокот, очите, срцето, бубрезите и во нозете. Пациентите со дијабетес тип 1 почесто имаат оштетувања на малите крвни садови (микроангиопатија) во очите и бубрезите, а оние со тип 2 на поголемите крвни садови (макроангиопатија) во мозокот, срцето и нозете, соопштија организаторите.
Предавањето е отворено за сите заинтересирани граѓани, а д-р Митрески ќе одговара на прашања на присутните.
Организатор на настанот е Здружението на лица со дијабет „Охрид“, кое деновиве потпиша меморандум за соработка со библиотеката. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива