Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Водостојот на Охридското Езеро подобрен, но и понатаму под просекот за април

Водостојот на Охридското Езеро подобрен, но и понатаму под просекот за април

1 min read
Водостојот на Охридското Езеро подобрен, но и понатаму под просекот за април

Пештани плажа Охридско Езеро

Охрид, 29. април 2025 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро продолжува да расте, но и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на УХМР водостојот е на кота од 693,37 м.н.в што е за 20 сантиметри под просекот за овој месец (693,57 м.н.в) и 27 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 13,5 степени и е за 3,2 степени повисока од просечната.

Последнава седмица езерското ниво е покачено за 5, додека пак од почетокот за месецов за 11 сантиметри.

Со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, на OhridPress продолжува рубриката „До кај сме“ каде секој ден објавуваме по една фотографија од истата локација од процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров.

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.

– Следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утре и во среда утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Ќе се поставува втор слој асфалт на улицата „Македонски просветители“, на потегот од Пожарна до ЕВН
Next Во Словенија казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома

Слични вести

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.