Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во среда хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани”

Во среда хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани”

Во среда хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани”

Охрид, 5. мај 2025 (ИНПРЕС) – „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани” е насловена хуманитарната трка што ќе се одржи во среда, во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, а поддржана од ЈП „Билјанини извори“.

Пријавувањето и котизацијата за учество се бесплатни, а секој учесник на овој начин ќе даде поддршка на сите кои поминуваат низ овој тежок период.

– Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред ,,Харбор’’ до „Куба Либре“, со должина од 3 км. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Трката ќе биде во категории ученици, наставници и родители. Кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот Македонија, информираат од  СОСУ „Св. Кирил и Методиј”.

Трката е со почеток во 12:00 часот. Претходно од 11:00 часот предвидена е кратка програма и загревање на учесниците.

Денес и утре се подигнуваат стартните броеви, во периодот од 08:00 часот до 17:00 часот во училишниот двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Свечена богослужба за празникот Св. Георгиј во селото Опеница
Next Шајн: Од реконструкцијата на плоштадот „Крушевска република“ големо ништо, катна гаража – мисловна именка

Слични вести

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје
1 min read

Здравје: Цимет во кафе – едноставен трик за подобро здравје

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.