Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Околу 300 учесници на петтиот Меѓународен турнир во олимписко таеквондо „Охрид Опен 2025“ (Фото/Видео)

Околу 300 учесници на петтиот Меѓународен турнир во олимписко таеквондо „Охрид Опен 2025“ (Фото/Видео)

1 min read
Околу 300 учесници на петтиот Меѓународен турнир во олимписко таеквондо „Охрид Опен 2025“ (Фото/Видео)

Охрид, 9. мај 2025 (ИНПРЕС) – Утре по петти пат во СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржи Меѓународниот турнир во олимписко таеквондо „Охрид Опен 2025“.

Турнирот е во организација на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид со поддршка на Македонската Tаеквондо федерација и Општина Охрид. Покрај од Македонија ќе има и натпреварувачи од соседните земји, a меѓу натпреварувачите ќе бидат и олимпијците Дејан Георгиевски и Мила Релиќ. Околу организацијата на самиот турнир, учесниците и очекувањата, разговаравме со Стефан Јосифоски и Ѓорѓи Петкоски од организациониот одбор.

Супер радио: Утре ќе се одржи петтото издание на турнирот „Охрид Опен 2025“ во олимписко таеквондо. Дали е сѐ подготвено?

Јосифоски: Утре со почеток во 09:00 часот во спортскиот комплекс „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи петтото издание на „Охрид Опен 2025“ во организација на таеквондо клубот „Хваранг Фист“ заедно со Македонската таеквондо федерација и Општина Охрид. Подготовките се во најдобар ред, се надеваме на уште еден успешен турнир и приказната да си продолжи уште многу години.

Супер радио: Колку натпреварувачи се пријавени, од каде и во кои категории ќе се натпреваруваат?

Петкоски: На овој турнир годинава ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи од Македонија, Србија, Косово и Црна Гора. Ќе се натпреваруваат во борби, во четири старосни категории – пионери, кадети, јуниори и сениори.

Супер радио: Каков е интересот за учество од година во година?

Петкоски: Од година во година расте интересот за учество на овој турнир. Годинава ќе се натпреваруваат и олимпијците  Дејан Георгиевски и Мила Релиќ. Ги покануваме сите љубители на спортот да дојдат утре во 09:00 часот во салата „Билјанини извори“ да дојдат и да ги бодрат нашите натпреварувачи, а воедно и да гледаат врвно олимписко таеквондо.

Супер радио: Што е во план за периодот што претстои?

Јосифоски: Сакам на нагласам дека во недела, 11-ти мај, репрезентативка од Македонската таеквондо федерација, а воедно и наша членка настапува на Светското кадетско првенство во олимписко таеквондо во категорија кадет -55 кг. Тоа е охриѓанката Јана Спироска. Таа е во Фуџира, Обединети Арапски Емирати и ќе ги брани боите на Република Македонија заедно со скопјанката Ведрана Тунески, која настапува во категорија кадет -44 кг. Исто така, сакам да се заблагодарам и до Македонската таеквондо федерација која ми овозможи мене лично на 25-ти мај да патувам за Истанбул, Турција на семинар за меѓународни судии во олимписко таеквондо, па да се надеваме дека Охрид ќе се збогати со интернационален судија во олимписко таеквондо. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес

Post navigation

Previous Нуркачите од центарот „Амфора“ утре ќе го чистат дното на Охридското Езеро од цврст отпад
Next Отворен инфо ден во Црвен крст Охрид

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.