Охрид, 14. мај 2025 (ИНПРЕС) – Започна партерното уредување на тротоарот на улицата „Димитар Влахов“ од лева страна, информираат од Општина Охрид.
Активностите ќе бидат по цела должина на јавниот простор во насока кон ОСУ „Св. Климент Охридски“. Тротоарот ќе биде поплочен со камен, шкрилец.
Од локалната ги замолуваат охриѓани да бидат внимателни при движење и да не паркираат возила во тој дел од улицата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
