Охрид, 19. мај 2025 (ИНПРЕС) – Екипата на Црвен крст Охрид го освои третото место на Регионалниот натпревар по прва помош, што викендов се одржа во Скопје.
Во конкуренција на 14 екипи, охридската сосавена од Марио Ѓорески, Никола Гашоски, Филип Танаскоски, Михаил Николоски, Дарија Талевска, Ања Алческа (ученици и претставници на ОСУ „Св.Климент Охридски“) успеаа да дојдат до високото трето место.

Исто така, екипата го понесе и третото место на пунктот за дисеминација каде ги прикажа своите знаења за Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Од охридскиот Црвен крст најавија дека ќе следуваат подготовки за Државниот натпревар по прва помош, што ќе се одржи во септември. (Крај)
извор: ИнПрес фото: Црвен крст Охрид
