Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Свечено отворање на 64. Балкански фестивал на народни песни и игри вечерва на „Долни сарај“

Свечено отворање на 64. Балкански фестивал на народни песни и игри вечерва на „Долни сарај“

1 min read
Свечено отворање на 64. Балкански фестивал на народни песни и игри вечерва на „Долни сарај“

Охрид, 4. јули 2025 (ИНПРЕС) – Вечерва на сцената „Долни сарај“ свечено ќе биде отворен 64. Балкански фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

По традиција фестивалот го отвора ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, а пред нив со своја програма ќе се претстават и членовите на КУД „Гердан од Бисери“ од Охрид.

Во наредните фестивалски денови ќе следуваат настапи на културно-уметнчки друштва од Србија, Бугарија, од Мелбурн, Австралија, како и од неколку македонски градови.

Како новитет во програмата на Балканскиот фестивал, во понеделник, 7-ми јули, ќе се одржи етно-концерт на Митан и нашата позната Андријана Јаневска со преработки на традиционални македонски народни песни.

Вечерва и наредните два дена фестивалското дефиле на ансамблите ќе започнува од 19:00 часот пред Центарот за култура „Григор Прличев”, а настапите на „Долни сарај“ од 20:30 часот. Влезниот билет чини 300 денари. Во понеделник во 20:00 часот ќе биде отворена изложба, по што од 21:00 часот ќе следи етно концертот, за кој влезот ќе биде слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Уникатни коктели, eдукативни сесии и многу музика – стартува првиот Ohrid Cocкtail Festival
Next На факултетите во Охрид се запишале вкупно 752 студенти на додипломски студии во академската 2024/2025 година

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.