Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Ивона Јо објави нова песна – „Молитва“ интимна исповед претворена во моќен музички манифест

Ивона Јо објави нова песна – „Молитва“ интимна исповед претворена во моќен музички манифест

Ивона Јо објави нова песна – „Молитва“ интимна исповед претворена во моќен музички манифест

Скопје, 13. август 2025 (ИНПРЕС) – Ивона Јо го претстави својот најличен и најмоќен проект досега „Молитва“, песна создадена во еден здив.

Ова не е само музичко издание, туку искрена духовна и емотивна катарза, огледало на внатрешната борба, болка и победа над најтешкиот противник: самите себе. Текстот, музиката, аранжманот, како и режијата на видеото се на Темелко Андреев.

„Молитва“ е автобиографска исповед, но и универзална приказна за сите кои некогаш биле заробени во мрежата на негативните коментари, осуди и сомнежи. Во основата на песната пулсира моќна Христова порака, повик за простување, не само кон другите, туку и кон себеси. Преку текстот, Ивона ја отвора вратата кон ослободување од „старите верзии“ на нас самите, слабите, повредените и несигурните, кои љубоморно се обидуваат да нè задржат во минатото.

Со „Молитва“, Ивона Јо не само што ја споделува својата приказна, туку создава и инспиративен повик за сите кои се подготвени да го водат најважниот дуел, оној со сопствените стравови и сомнежи, затоа што вистинската победа започнува внатре во нас. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Прекин во водоснабдувањето на улица „Рашанец“ во Лескоец
Next Почина оперската примадона Милка Ефтимова

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“ Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“
1 min read

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.