Струга, 27. август 2025 (ИНПРЕС) – Празникот Голема Богородица во Струга оваа година ќе се прославува на древното светилиште кај Параклисот Воведение Богородично.
– Ве повикуваме сите заедно да ја прославиме Божјата Мајка, онака како што доликува на нејзините верни чеда. Оваа година нашата должност кон неа е уште поголема, бидејќи таа после долго време нѐ собра повторно онаму каде што со векови се прославувала таа како Богомајка и Родителка на нашиот Господ, вели протојереј-ставрофор Александар Димоски.
Празнична Утрена богослужба ќе се служи со почеток во 08:00 часот, додека Светата Божествена Литургија е од 09:00 часот.
Со ова ќе бидат заокружени богослужбите во месецот посветен на Божјата Мајка. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива