Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Утре Архиерејска Литургија по повод една година од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј

Утре Архиерејска Литургија по повод една година од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј

1 min read
Утре Архиерејска Литургија по повод една година од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј

Охрид, 21. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Утре ќе се служи Архиерејска Литургија по повод една година од упокојувањето на Митрополитот Тимотеј, информираат од Плаошкиот манастир.

Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј почина на 25-ти ноември минатата година, по кусо боледување, на 73 годишна возраст.

Митрополитот Тимотеј, со световно име Славе Јовановски, е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Почитта на младиот Славе кон Бога придонесла по завршувањето на основното училиште да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски”, прво во манастирот „Горни Свети Илија” во село Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево, завршувајќи ја со одличен успех.

По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломира во 1976 година. По дипломирањето една година бил службеник во Македонската архиепископија во Скопје. Потоа заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година), каде магистрира со трудот „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско”.

На 10-ти септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител”, Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Ангелариј е замонашен со монашко име Тимотеј, на 11-ти септември е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир, додека на 13-ти септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица” Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на манастирот „Св. Наум Охридски” во Битола.

По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20-ти септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ во црквата „Св. Димитриј” во Скопје. Од 21-ви септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит на Австралиската македонска православна епархија.

Тогашните услови налагаа да му биде доделена и испразнетата Дебарско-кичевска епархија како нејзин Администратор со седиште во Охрид, од каде што со голем елан, самопрегор, трпеливост и тактичност ќе раководи со двете епархии, со Австралиската до 1995 година која доброволно ја отстапува на друг надлежен архијереј, а продолжи да раководи само со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско–кичевски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous ИЈЗ: Минатата недела пријавени 117 нови случаи на грип, Охрид во групата со помалку од 10 заболени
Next Културата расте со децата „За сите деца“: Денес ќе се игра детската претстава „Црвенкапа“

Слични вести

МВР за еден ден лиши од слобода 11 возачи, дури 5 на подрачјето на СВР Охрид МВР за еден ден лиши од слобода 11 возачи, дури 5 на подрачјето на СВР Охрид

МВР за еден ден лиши од слобода 11 возачи, дури 5 на подрачјето на СВР Охрид

Водостојот на Охридското Езеро се доближува до максималната граница 693,75 м.н.в Водостојот на Охридското Езеро се доближува до максималната граница 693,75 м.н.в
1 min read

Водостојот на Охридското Езеро се доближува до максималната граница 693,75 м.н.в

Во јануари во Охрид издадени 4 одобренија за градба, во Струга 3, а во Дебрца ниту едно Во јануари во Охрид издадени 4 одобренија за градба, во Струга 3, а во Дебрца ниту едно

Во јануари во Охрид издадени 4 одобренија за градба, во Струга 3, а во Дебрца ниту едно

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.