Охрид, 2. декември 2025 (ИНПРЕС) – Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид утре организира Саем за кариера.
Настанот има за цел да обезбеди директна средба помеѓу студентите и претставници од компании, со фокус на можности за пракса, вработување и понатамошен професионален развој. Учеството за компаниите е бесплатно, а може да донесат свои информативни материјали или презентации.
Саемот ќе се одржи во просториите на универзитетот во периодот од 12:00 до 15:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива








