Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Почнуваат свеченостите за одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот

Почнуваат свеченостите за одбележување на празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот

1 min read

Охрид, 3. декември 2025 (ИНПРЕС) – Охрид и годинава со бројни настани достојно ќе го одбележи празникот Св. Климент Охридски – Патрон на градот.

Програмата започнува денес со промоција на второто издание на „Охридска археолошка азбука” од проф. д-р Антонио Јакимовски, археолог, д-р Елизабета Томевска-Илиевска и м-р Маја Јаневска, педагози и м-р по археологија Иван Малезанов, што ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12:00 часот.

Утре од 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Григор Прличев- вчера денес и утре” од Милчо Јованоски и НУ Библиотека „Григор Прличев”, а промотор ќе биде проф.д-р Зоран Тунтев. Од 12:00 часот во Култ Културен центар ќе се одржи настанот „Букви и зборови што создаваат светлина: Јазична работилница посветена на Свети Климент Охридски“ од Кристина Дукоска – основач на „Правопис за деца”. Вечерта од 19:00 часот е осмодекемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче” во концертната сала на училиштео, а од 19:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ е свечена приредба на ООУ „Св. Климент Охридски”.

На 5-ти декември од 11:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде промовирана книгата „Охридски летопис книга втора” и „Охридски летопис комплетно издание” од авторите проф. Д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески, а промотор ќе биде проф.д-р Ѓорѓи Тоноски. Од 12:00 часот во Спомен куќа на Робевци ќе биде отворена изложбата „Прстенот – симбол на завет, статус, моќ“ од етнолошката ризница на охридскиот музеј.

Во 19:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура ќе биде отворена традиционалната осмодекемвриска изложба на „Охридскиот фото клуб”, а од 20:00 часот на големата сцена е свечената приредба на СОУ „Св. Климент Охридски”. Во истиот термин на плажата „Кадмо” ќе се одржи и концертна промоција на ВИС „Билјана” – Охрид во чест на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид.

Сабота на 6-ти декември од 18:00 часот во Центарот за култура е отворањето на изложбата насловена 365 дена творештво на бакар од охридската уметничка Маја Чифлигароска и Копер краф – MAM, а во 19:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе биде прикажан краткометражниот документарен филм „Обичен херој” (автор и режисер Јован Цветкоски).

На 7-ми декември од 12:00 часот во Центарот за култура ќе се одржат Регионални смотри на СОФАМ – Фолклорна смотра на ансамблите од Југозападен регион во чест на Свети Климент, во 18:00 часот е отворањето на самостојната изложба на уметнички слики од охридската уметничка Јана Маркоска – Наумовска насловена „Мечта” во галерија „Охридска порта Љубица”.

Во понеделник, на денот на празникот во 10:00 часот е предвиден поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник, во 11:00 часот полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во ООУ „Свети Климент Охридски” (училишен двор), во 12:00 часот полагање свежо цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид на Градски плоштад „Свети Климент Охридски”. Вечерта од 18:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Охридско секојдневние” од охридската фотографка Нина Ангелоска во Куќа на Уранија.

Свечената академија по повод 8.Декември – Денот на Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Езерскиот водостој е над просекот за декември, денес е на кота од 693,40 м.н.в
Next Деновиве ќе бидат објавени добитниците на општинските признанија, поднесени се 5 апликации за награда и 10 за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.