Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Смилевски: Од мал ме интересира електрониката, гледам да изработувам необични проект – модели, натпреварите за мене се ново искуство

Смилевски: Од мал ме интересира електрониката, гледам да изработувам необични проект – модели, натпреварите за мене се ново искуство

1 min read

Охрид, 12. декември 2025 (ИНПРЕС) – Младиот охриѓанец Наум Смилевски е ученик во втора година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и од мали нозе покажува интерес за електрониката.

Додека неговите врсници се знимавале со играчки, тој сакал да му купуваат електронски компоненти. Уште како основец изработувал некои сложени електронски кола, а интересот за електроника продолжува и сега како средношколец, со учества на бројни натпревари од каде се враќа со освоени први места. Голем практичар е и секогаш се натпреварува со проект – модели.

Со Наум поразговаравме за неговите почетоци, љубовта кон електрониката, значењето на овие признанија за него и неговиот образовен пат во иднина.

Супер радио: На почетокот, кој е Наум Смилевски, накратко твоја лична карта.

Смилевски: Јас сум Наум Смилевски, учам во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, втора година сум, имам 16 години. Отсекогаш ме интересирале електроника, компјутери, тие работи.

Супер радио: Интерес за електрониката покажуваш уште од мали нозе. Кажи ни од каде желбата за вакво нешто, дали имаш некој од твоите блиски што се занимава со нешто слично?

Смилевски: Отсекогаш ме интересирале тие работи, ми биле фасцинантни, како тоа сѐ работи, како се поврзани. Дома, татко ми, вујко ми и други се електроинженери и тие доста работи ме имаат научено, а и од интернет, што имам сам најдено, доста работи. Од мал изработувам работи што не очекував дека ќе ги направам и на крај ќе ги реализирам, се трудам да е така. Можам да кажам дека „спиев“ со каблите, наместо играчки барав да ми се купува нешто поврзано со електрониката. Уште во основно училиште имам доста работи правено, пример, во четврто/петто одделение имам доста работи, кога правевме струјни кола гледав нешто необично да изработам, нешто што не може да се види секој ден.

Супер радио: Зад тебе се бројни учества на натпревари од каде речиси секогаш се враќаш со први места. Најновото е признанието на годинашното издание на „Макинова“ за млад иноватор. Кажи ни нешто повеќе, со што се претстави таму?

Смилевски: На годинашната „Макинова“ се претставив со машина за цртање и пишување заедно со сечење, како производен процес што обработува материјал, што прво ќе го нацрта, а потоа ќе го исече, со цел да се автоматизира некоја работа. Машината ја изработив сам, за погонскиот дел ставив шини од фиоки, различни микроконтролери и други електроники, потоа хардверски делови преноси од принтери, CD ром…Првичната идеја беша само обично CNC што ќе црта, но тоа сакав да го унапредам, да додадам нови процеси кои понатамуќе извршуваат и други работи. Сакав да ставам и ласер наместо пенкало, но поради некои работи морав да ја напуштам таа идеја. Но, затоа додадов процес што ќе го сече материјалот подоцна. Самото CNC е изработено од искористени делови од стари компјутери, како што се делот за читање ЦД-ња, внатре има мали моторчиња што се баш потребни за прецизност.

Супер радио: Претходно два пати учествуваше на школата за „Млади физичари“, три пати на Државниот натпревар на младите истражувачи од Република Македонија, како и на Меѓународен натпревар во Босна и Херцеговина. Кажи ни за признанијата од овие натпревари, што имаше изработено и што тие значат за тебе?

Смилевски: За мене овие признанија беа како едно ново искуство, секој нов натпревар е ново искуство, како нова авантура, се стекнуваат нови пријатели кои имаат слични интереси, може да се најдат и други идеи. Првпат кога бев на натпревар на Народна техника во 2023 година имав изработено Теслин трансформатор, не очекував дека ќе го направам прво, но го изработив и беше фасцинантно таму, ретко да се види нешто такво, присутните беа воодушевени, а јас освоив прва награда. Теслиниот трансформатор наместо железно, користи воздушно јадро и може ако се стави на пример неонка ќе свети на одредена далечина од самиот калем. Може безжично да се пренесе некаква енергија, ако на пример се доближи некоја сијалица истата ќе свети. Друго, на „Млади физичари“ на моето прво учество имав изработено јонски мотор што користи висок напон со цел да ги забрза молекулите што се наоѓаат во воздухот, да создаде како ветар. Тие мотори се користат доста често во вселената, за ако не треба многу погон се многу добри. Интересно со јонскиот мотор е тоа што успеавме да ја издвоиме јонската плазма во форма на електричен лак, што може визуелно да се види. На последното учество на „Млади физичари“ настапив со проект за безжичен пренос на струја со помош на пад на индукција, фактички на овој начин го објаснивме Фарадеевиот закон за пренос на електрична енергија. Имам исто така учествувано и на NASA Space Apps во тим од шест деца. Сите овие експонати што ги имам изработено ги чувам во мојот дом.

Супер радио: Дали освен ова имаш и некое друго хоби?

Смилевски: Освен ова, наоѓам време за прошетка во природа, возење велосипед, често пати и во планина. Немам некој спорт конкретно со кој се занимавам. Повеќе време посветувам на електрониката, хардверскиот дел повеќе ме интересира.

Супер радио: Сега си средношколец, но кои се твоите планови за во иднина, дали знаеш каде ќе го продолжиш своето школување?

Смилевски: Имам размислувано што понатаму, најверојатно ќе биде нешто поврзано со електрониката, на насока од електро главно ќе биде, само уште немам одлучено што ќе биде, бидејќи ме интересираат доста работи, има време. (Крај)

извор: ИнПрес фото/видео: ИнПрес/Наум Смилевски

Post navigation

Previous Охрид во октомври го посетиле 23.088 странски туристи, најмногу од Турција, Германија, Србија и Грција
Next Теквондисти од МТТФ ќе учествуваат на Светскиот куп „Кинг од Таеквон-до“ во Солун

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.