Охрид, 12. декември 2025 (ИНПРЕС) – Македонска Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ) викендов ќе учествува на Светскиот куп „Кинг од Таеквон-до“ во Солун, Грција.
Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат тројца натпреварувачи, предводени од националниот тренер Саша Поповски. Ќе учествуваат Владимир Димитриевиќ, Миа Танеска и Даниел Стојаноски, додека Христијана Парулеска ќе учествува како судија, поканета од страна на организаторот за нејзиниот професионализам.
– Во конкуренција од над 1400 натпреварувачи од 21 земја ширум светот се надеваме дека овие тројца натпреварувачи ќе не израдуваат со добар резултат. Да им посакаме среќа и успех, велат од МТТФ. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
