Охрид, 16. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на утрешниот ден повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци и селата Лескоец и Лакочереј.
– Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод со профил ф300 мм, со постоечката водоводна линија на улицата „Кленоец“, на 17-ти декември 2025 година (среда), од 08:30 часот, повеќе часа без вода односно до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, селата Лескоец и Лакочереј, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
