Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ДЗС: Апел за заштита од пожари и други опасности до сопствениците на угостителските објекти и организаторите на предновогодишни и новогодишни прослави

ДЗС: Апел за заштита од пожари и други опасности до сопствениците на угостителските објекти и организаторите на предновогодишни и новогодишни прослави

Скопје, 25. декември 2025 (ИНПРЕС) – Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) апелира до сопствениците и организаторите на предновогодишни и новогодишни прослави да постапуваат одговорно и целосно да ги почитуваат прописите за заштита од пожари и за безбедност на посетителите.

Со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните, ДЗС посочува дека е задолжително меѓудругото да се почитува максимално дозволениот број посетител, а објектите да бидат соодветно обезбедени со исправна противпожарна опрема.

– Целосно да се почитува максимално дозволениот број посетители на организираните настани, согласно капацитетот и важечките прописи; објектите да бидат соодветно обезбедени со исправна противпожарна опрема, којашто е неопходно непречено да биде достапна за итна употреба и што е редовно одржувана; коридорите, излезите и патиштата за евакуација да бидат постојано чисти, проодни и без пречки; излезните врати за евакуација да бидат отклучени и функционални за непречено напуштање на објектите во случај на пожар или друга опасност; да се почитува забраната за користење на пиротехнички средства и да не се користи отворен пламен во затворени простории или други потенцијално опасни материјали спротивно на законските прописи; персоналот да биде информиран и подготвен за постапување во случај на итна состојба, велат од ДЗС.

Потсетуваат дека почитувањето на овие превентивни безбедносни мерки не е само законска обврска, туку е и морална одговорност на секој сопственик и организатор на масовни настани кон неговите гости и вработени. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Намален притисок во водоснабдувањето во населбата Црногорци и село Лескоец
Next „Убавините на езерото, градот и спортот“, прва самостојна изложба на фотографии на Петар Паунче-Скитник

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.