Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Семинар за лиценцирани тренери, судии и натпреварувачи организиран од Македонската традиционална таеквондо федeрација

Семинар за лиценцирани тренери, судии и натпреварувачи организиран од Македонската традиционална таеквондо федeрација

1 min read

Охрид, 23. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Македонската традиционална таеквон-до федeрација (МТТФ) ја започнува 2026 година со организација на Семинар за лиценцирани тренери, судии и натпреварувачи.

Се состои од теоретски и практичен дел, а е наменет за тренери, судии и натпреварувачи, како и за сите љубители на таеквондото.

– Право на учество имаат лиценцирани тренери (Б класа) носители на 6 куп – 1 куп (од зелен појас до црвен виши појас), лиценцирани тренери (А класа) и судии носители на црн појас I дан – до црн појас V дан и натпреварувачи (сите појаси).

Семинарот ќе биде поделен на теоретски и практичен дел. За тренери задолжително добок и појас, а за судии задолжително судиски дрес код. Учеството чини 300 денари. Пријавувањето е на мејл адресата: anastasijaculceska@gmail.com Последен рок за пријавување е до утре, до 24:00 часот, информираат од федерацијата.

Семинарот ќе се одржи во недела, 25-ти јануари, во периодот од 11:00 до 14:00 часот во спортската сала на Таеквон-до клубот „Чон Џи” во село Косел, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, претседател и национален тренер на МТТФ, Саша Поповски црн појас V дан почесен претседател и национален селектор на МТТФ и Давид Велковски црн појас II дан, меѓународен лиценциран таеквондо ИТФ судија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Свикана шестата седница на Советот на Општина Охрид
Next Од среда започнува издавањето дозволи за рекреативен риболов

Слични вести

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на улица „Сирма Војвода“

Повеќечасовен прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик
1 min read

Бојан Маричиќ е нов претседател на ДИК, изгласани измените во Кривичниот законик

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид
1 min read

Утре ќе се одржи шестата седница на Советот на Општина Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.