Охрид, 26. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Здружението на Србите од Охрид „Коштана“ по традиција и годинава ќе го одбележи празникот „Св. Сава“.
Свеченоста, со традиционално сечење на славската погача и пригодна културно-забавна програма, ќе се одржи утре во ресторанот „Белведере“ со почеток во 13:00 часот. Поканети се градоначалникот Кирил Пецаков, почесниот конзул на Србија, Михајло Филев и други гости.
Воедно, денот е неработен за припадниците на српската заедница во Република Македонија.
Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои над 300 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат. Српската заедница во Република Македонија е здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје.
Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Република Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите. Според податоците од последниот попис на населението, домаќинствата и становите во Охрид живеат 281 срби. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
