Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридското Езеро на 16 сантиметри над просекот

Охридското Езеро на 16 сантиметри над просекот

Охридското Езеро на 16 сантиметри над просекот

Охрид, 16. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Продолжува трендот на раст на водостојот на Охридското Езеро.

Според последните мерења, нивото е на кота од 693,55 м.н.в што е за 16 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и 45 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е во рамки на просекот.

Според ова, хидролошката состојба на Охридското Езеро е на задоволително ниво, а од почетокот на месецов езерскиот водостој пораснал за два сантиметри.

Годинава, за разлика од лани кога беше далеку под просекот,  езерскиот водостој е во подобра кондиција.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10 степени.

– Кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
Next Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – „Не ти стои“ како најава за големиот концерт во Скопје

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.