Охрид, 18. февруари 2026 (ИНПРЕС) – По повод големиот верски празник Велики Поклади Прочка, традиционално и оваа година во Велгошти, во недела, на 22-ри февруари ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026“.
Почетокот е закажан за 11:00 часот на спортското игралиште „Тодор Александров“. Организатор на маскенбалот е Месната заедница на селото Велгошти, а манифестациајта е финансиски поддржана од Општина Охрид.
– За сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци, информираат организаторите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
