Охрид, 15. април 2026 (ИНПРЕС) – Продолжува да се намалува нивото на водата во Охридското Езеро.
Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,58 м.н.в, што е за 1 сантиметар над просечното ниво за овој месец (693,57 м.н.в) и 48 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Константно намалување на езерскиот водостој се бележи од почетокот на месецов.
Во првата половина на минатиот месец езерскиот водостој беше многу блиску до максималната граница 693,75 м.н.в, по што во континуитет се бележеше намалување. Последнава недела се бележи пад од цели 6 сантиметри.
Во Охрид денес претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17 степени.
– Следува период на променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска наместа ќе има слаб дожд, а во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. До петок ќе дува југоисточен ветер кој денес долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
