Струга, 21. април 2026 (ИНПРЕС) – По повод Денот на Европа ќе се одржи велосипедска тура околу Охридското Езеро.
Ќе се одржи на 16 мај со почеток од 08:00 часот. Рутата е Струга – Поградец – Охрид – Струга во должина од 90 километри, а организатори се Europe House Struga, во соработка со Општина Струга и Соларис.
– Ве очекува заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата позабавна, полициска и медицинска поддршка за безбедно искуство, брендирани материјали за учесниците и заеднички финиш и ручек како завршница на денот. Придружете ни се на турата околу Охридското Езеро и бидете дел од заедничко искуство што поврзува, порачуваат од Europe House Struga.
Организаторите посочуваат дека бројот на учесници е ограничен и пријавувањето ќе се одвива по принципот „прв пријавен, прв услужен“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
