Струга, 5. мај 2026 (ИНПРЕС) – По повод претстојниот празник Ѓурѓовден и Струшката литија, во четврток, 7 мај, ќе се одржи „Фчаршија фест 2026“.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со песна, дружење и незаборавна атмосфера. Ќе настапат Селект бенд , Ангел Стојкоски и оркестарот на Мартин Стојаноски.
– Срцето на Струга ке чука во ритамот на македонската музика. Да прославиме заедно со убави македонски песни, насмевки и добра енергија, порачуваат организаторите.
Настанот ќе се одржи во струшката чаршија со почеток во 18:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
