Струга, 6. мај 2026 (ИНПРЕС) – Моштите на Свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона и годинава, утре, по 17-ти пат на вториот ден од празникот Ѓурѓовден ќе ја благословат Струга, со што продолжува црковната манифестацијата што традиционално се одржува секоја година.
Моштите на светителот од манастирот во Рајчица свечено ќе бидат пречекани во 13:00 часот во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците ќе може да се поклонат. Од 16:00 часот е вечерната богослужба, по која ќе следи литијата. Ќе тргне од дворот на црквата „Свети Георгиј“, ќе помине низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно ќе се врати во црковниот двор.

Моштите на светецот ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а најавени се и повеќе новини.
По завршување на литијата предвидена е културно – уметничка програма во дворот на храмот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
