Охрид, 12. мај 2026 (ИНПРЕС) – Следната недела на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе се одржи Студентската конференција за економија и бизнис во услужните дејности – СЕРВЕКО 2026.
Согласно агендата, ќе се одржи пленарно предавање на д-р. Лоренс Елиот, DNP-AGNP, St. Louis Community College, USA на тема „Anatomy and Gastronomy: How Food Affects Our Bodies”, по што ќе следи презентација на студентски трудови од областа на услужниот сектор, проследени со дискусија, коментари и препораки.

Во рамки на конференцијата предавање, мастер клас, демонстративна сесија и отворена дискусија ќе одржи Филип Ондрушек, врвен европски шеф, едукатор за одржлива гастрономија и еко-активист, на тема „Локални состојки, сезонски менија и Zero-Waste гастрономија“. Тој ќе понуди практичен и инспиративен пристап кон современите гастрономски трендови, улогата на локалните производи во fine dining гастрономијата и значењето на Zero-Waste менаџментот во професионалната кујна.
Конференцијата ќе се одржи на 20. мај (среда) со почеток во 11:00 часот, во просториите на факултетот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
