Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“

Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“

1 min read
Охридскиот композитор Гоце Гавриловски со специјална композиција по повод јубилејот на „Трио Академико“

Штип/Охрид, 12. мај 2026 (ИНПРЕС) – Охридскиот композитор Гоце Гавриловски ја создаде композицијата „Маестри виртуози”, специјално за јубилејот 15 години постоење на „Трио Академико“.

Македонската премиера на композицијата е вечерва на 4. Меѓународниот фестивал за современа музика 2026, што ќе се одржи во Штип.

Триото го сочинуваат Златка Митева – флејта, Бранко Павловски – кларинет и Наташа Трбојевиќ – пијано. Гавриловски со уметниците соработувал уште од времето на основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде е професор, преку разни композиции во повеќе проекти, а соработката продолжила поинтензивно по формирање на триото.

– Во ова време низ обемниот репертоар на триото продефилираа повеќе од десетина композиции, како „Токатина”, „Лов”, „Два прелудиуми”, „Сокол Јане”, итн., па сé до денешната „Маестри виртуози”, специјално за нивниот јубилеј.  Бројноста на изведби и соработката несомнено и логично води кон нашиот следен заеднички проект- изработка на солистичко – авторски носач на звук, во изведба на „Трио Академико”, со повеќе дела од мојот опус, креирани за овој вид на ансамбл, вели Гавриловски за InPress и Супер радио и изрази надеж дека соработката ќе продолжи со уште бројни проекти, дела, концерти и настани.

Гоце Гавриловски досега учествувал на повеќе меѓународни семинари, фестивали и конференции по композиција и филмска музика во Македонија и странство, кај бројни реномирани светски композитори, како: А. Шчетински, Е. Годибер, А. Радвиловиќ, Џ. Вулрич, К. Швон, Ф.Сархан, Џ. Темпл, И. Курц, Р. Фебел и други.

Како автор е инспириран од македонскиот музички јазик и нашата богата фолклорна традиција, посебно од вокалната.

Неговото имe стои зад бројни солистички, вокални, камерни, хорски, вокално – инструментални и оркестарски композиции, а за дел од нив е добитник на домашни и меѓународни награди. Плодна соработка има со градскиот мешан хор Vox Lychnidos, за кој специјално има создадено бројни композиции. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето

Слични вести

Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето
1 min read

Здравје: Кардиолог открива која положба на спиење го оптоварува срцето

Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид
1 min read

Набавена опрема за ЈП „Водовод“ Охрид

Вечерва започнува јубилејното 70. издание на изборот за песна на Евровизија Вечерва започнува јубилејното 70. издание на изборот за песна на Евровизија
1 min read

Вечерва започнува јубилејното 70. издание на изборот за песна на Евровизија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.