Охрид, 20. мај 2026 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро го надмина просекот за месец мај.
Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,68 м.н.в, што е за 3 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,65 м.н.в) и 58 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Минатиот месец имаше константно намалување на езерскиот водостој, а сега има постепено покачување. Од почетокот на мај езерското ниво е повисоко за цели 11 сантиметри.
Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 20 степени.
– Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
