Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Следниот месец уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти, 86 помалку во однос на лани

Следниот месец уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти, 86 помалку во однос на лани

1 min read
Следниот месец уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти, 86 помалку во однос на лани

Охрид, 21. мај 2026 (ИНПРЕС) – Следниот месец ќе се спроведат уписите на ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година.

Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август.

Согласно објавениот конкурс, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 697 полуматуранти, што е за 86 ученици помалку во однос на ланскиот конкурс.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни се 136 места за идните средношколци.

Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 134 ученици од кои 109 во сектор економија, право и трговија и 25 во сектор здравство и социјална заштита.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 302 слободни места, во 11 паралелки, според наставните планови и програми за машинство, електротехника и информатички технологии, лични и други услуги, сообраќај, транспорт и складирање. Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 125 ученици во 5 паралелки и тоа во сектор угостителство и туризам.

Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk, по што, потребната документација се доставува до училиштата.

Во јунскиот уписен рок има две пријавувања, првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок има едно пријавување што ќе се реализира на 20 август.

Младите од Охрид и околните општини можат да направат добар избор на средно образование, бидејќи од четири средни училишта, три нудат стручна едукација, односно паралелки за профили во повеќе различни струки што се барани на пазарот на трудот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ денеска ќе го одбележи патрониот празник
Next Рекордни 920 тркачи од 40 држави ќе учествуваат на Ohrid Ultra Trail 2026

Слични вести

Рекордни 920 тркачи од 40 држави ќе учествуваат на Ohrid Ultra Trail 2026 Рекордни 920 тркачи од 40 држави ќе учествуваат на Ohrid Ultra Trail 2026
1 min read

Рекордни 920 тркачи од 40 држави ќе учествуваат на Ohrid Ultra Trail 2026

СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ денеска ќе го одбележи патрониот празник СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ денеска ќе го одбележи патрониот празник

СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ денеска ќе го одбележи патрониот празник

Утре финале на третиот турнир во мал фудбал „Св. Никола“ во Требеништа Утре финале на третиот турнир во мал фудбал „Св. Никола“ во Требеништа
1 min read

Утре финале на третиот турнир во мал фудбал „Св. Никола“ во Требеништа

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.