Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

1 min read
Пајак има нов хит заедно со Јован Јованов и Елвир Мекиќ насловен „Делириум“

Скопје, 22. мај 2026 (ИНПРЕС) – Охриѓанецот Христијан Настески – Пајак има нов сингл, соработка со Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

Песната е насловена „Делириум“ и е само увертира за долгоочекуваниот концерт на Јован и Елвир во Скопје, што ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“, а на кој Пајак е најавен како еден од специјалните гости.

Песната е работена со добропознатиот и реномиран тим, кој работи на целиот албум на Пајак, а како автори се јавуваат Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, додека видеото се снимаше на локација близу Скопје.

– После нашиот концерт, Пајак вади нов албум, а тој, Елвир и јас имаме задничка песна „Делириум“. Но, бидејќи нашиот концерт е наскоро, на 06.06, заедно решивме да ги изненадиме

сите и да ја пуштиме песната сега. Од луѓето што ја слушнаа веќе имаме коментари дека е „заразна“ и дека веднаш влегува во уво, па се надевам дека кога ќе излеземе сите тројца на бина и публиката ќе пее со нас, вели Јован.

Освен Пајак, како гости на концертот се најавени и Тони Зен, Маја Саздановска, Адријан Гаџа, Слаѓа Делибашиќ и Џус, и специјален гостин – долгогодишен соработник на Јован и Елвир.

За концертот е најавен и посебен дрес-код „Аll white“, односно сите посетители се повикуваат да бидат облечени во бело, со што и арената ќе добие уникатен визуелен изглед. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
Next Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Слични вести

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани
1 min read

Алачкоска за InPress и Супер радио: Преку цртежите успевам да забележам многу повеќе детали што обично остануваат незабележани

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“ Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“
1 min read

Охридскиот гимназијалец Мартин Мацкоски со награда на ДАФ 2026 за улогата во претставата „Перфектни странци“

Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Отворен ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.