Охрид, 28. мај 2026 (ИНПРЕС) – Со ретроспективна изложба и премиера на претставата „Оркестар Титаник”, Народен театар Охрид на 3 јуни ќе ја одбележи 15 годишнината од основањето на театарот.
46 премиера „Оркестар Титаник” е по текст на Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветаноvски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со охридската публика и носат нова искуствена вредност во самиот ансамбл.
-Токму затоа, ни претставува чест, што токму неговата постановка ќе го одбележи отворањето на јубилејната 15 година на Народен театар Охрид. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Верица Недеска и Томе Станковски, информираат од театарот.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот.
Половина час претходно, во Галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена и изложбата „Историска патека на театарски претстави“ каде посетителите ќе можат да искусат еден ретроспективен времеплов, движејќи се низ деталите од впечатливи костими и сценографии од секоја една претстава што се одиграла во Народен театар Охрид.
Сезоната 2026 се реализира со делегиран буџет, истата е дизајнирана во духот на јубилејот, а се очекува да биде една од најпродуктивните сезони, со дури 6 продукции од кои 3 наменети за најмладата публика. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
