Охрид, 2. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење, информираат од Општина Охрид.
Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од Центарот за јавно здравје – Охрид покажаа дека таа не е исправна за употреба.
По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од последните анализи, утврдено е дека водата е здравствено безбедна и може повторно да се користи за пиење. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
