Охрид, 4. јуни 2026 (ИНПРЕС) – ООМУ „Методи Патче“ од Охрид вечерва ќе го одржи годишниот концерт.
Во импресивниот амбиент на катедралната црква Св.Софија ќе настапат младите музички таленти од училиштето, дел од нив и со освоени бројни награди на натпревари и фестивали. Присутната публика ќе ужива во нивните изведби, плод на успешната работа во тековната година.
Концертот е со почеток во 19:00 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
