Охрид, 4. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Од 22 до 26 јули Охрид ќе биде домаќин на 9. Beach Film Festival.
Под ѕвезденото небо, покрај езерото и помеѓу брановите, повторно се среќаваме со филмот.
– Beach Film Festival се враќа во Охрид од 22 до 26 јули, носејќи нови европски приказни, незаборавни проекции и пет дена исполнети со кино, разговори и лето. Се гледаме на плажа, стои во најавата.
Предвидена е хорор работилница за средношколци посветена на игран хорор филм, каде преку проекции, разговори и креативна работа, учесниците ќе истражуваат како хоророт се менувал низ различни филмски ери. И годинава најмалите посетители ќе имаат свое магично филмско катче во рамки на Beach Film Festival, со детски филмови, смеа и магични вечери под ѕвездите покрај езеро. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
