Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Во 2025 година во Охрид брак склучиле 253 парови, а имало 105 разводи

Охрид, 4. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Минатата година во Охрид биле склучени 253 бракови, а регистрирани се 105 разводи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 233 невести склучиле прв брак, 18 втор и 2 трет и повеќе, додека пак 232 младоженци склучиле брак по првпат, 20 по втор и 1 по трет пат и повеќе.

Од вкупно 105 разводи најголемиот дел настанале кај возрасната група од 40 до 49 години на сопругот и сопругата.

Колку за споредба, во 2023 година биле склучени 335 бракови, а имало 65 разводи, додека во 2024 година судбоносното „да“ го кажале 243 двојки, а регистрирани се 62 разводи. Лани забележителен е драстичен скок во бројката на разводи.

На државно ниво во 2025 година се склучени 10 507 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5.1 %, а имало 2.185 разводи.

Најмногу бракови, 1.362, се склучени во месец август, а најмалку во месец март,473. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.8 % за жените и 92.1 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.1 % и во трет брак со учество од 0.8 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.5 години за невестата и 30.2 години за младоженецот.

Во 2025 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 448 или 32.8 % кај жените и 3 750 или 35.7 % кај мажите. Според возраста, најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 400 или 18.3 %, кај жените и 381 или 17.4 % кај мажите. Според траењето на бракот, најмногу разводи, 478 или 21.9 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

Слични вести

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид
1 min read

Следниот месец ќе се одржи 9.Beach Film Festival во Охрид

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

На 8. јуни прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20. јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.