Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Димитар Димоски е првенец на генерација во ООУ „Братство Единство“

Охрид, 15. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Димитар Димоски е првенец на генерацијата 2025/2026 во ООУ „Братство Единство“.

– Димитар Димоски го заокружува своето основно образование со континуиран, беспрекорен одличен успех и примерно поведение кое со години служеше како златен стандард, инспирација и вредносен патоказ за неговите врсници. Сепак, највпечатливиот белег на неговата личност е неговата благородна природа. Димитар е уметничкото срце и естетскиот печат на нашето училиште. Неговиот ангелски глас беше наградуван на бројни натпревари во индивидуално и хорско пеење, велат од училиштето.

Во своето обраќање Димоски истакна дека во изминативе години научил многу работи, добил многу поуки и животни лекции.

– Премногу спомени, успони и падови, но сепак на крајот одличен успех. Наставниците беа мојата поткрепа, а пак сооучениците и другарите мој потик. Работев макотрпно и снаодливо, но крајниот успех не е само мој. Уште еднаш голема благодарност за довербата и за доделената награда ученик на генерација, вели Димоски.

Тој ќе го продолжи своето образование во средното богословско училиште МПБ„Св.Климент Охридски“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, пчеларите да преземат соодветните мерки за заштита
Next Второ место и подобрени лични рекорди за пливачите од „Акваспирит“ на „Теута Куп 2026“ во Драч

Слични вести

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид „Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид
1 min read

„Аустријан ерлајнс“ од недела почнува да лета од Виена за Охрид

Викендов изложби на кучиња во Охрид Викендов изложби на кучиња во Охрид
1 min read

Викендов изложби на кучиња во Охрид

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.