Охрид, 17. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Почнувајќи од недела, 21. јуни, компанијата „Аустријан ерлајнс“ ќе лета од Виена за Охрид.
Според најавите, австриската компанија, која е дел од групацијата „Луфтханза“, ќе лета два пати неделно (четврток и недела), а линијата ќе биде отворена до 18 октомври.
„Аустријан ерлајнс “ ќе ја пополни празнината што се отвори откако „Визер“ ја укина линијата Виена-Охрид во март годинава.
Инаку, од вчера Turkish Airlines повторно лета на релација Истанбул-Охрид, со динамика четири пати неделно. Од почеток на јуни Охрид авионски е поврзан со полските градови Вроцлав и Катовице, а повторно се лета на релација Охрид-Белгард како и Охрид-Базел, што привремено беше заменета со летови до Штутгарт.
Од охридскиот аеродром, со летниот распоред на летање, 8 авиокомпании летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
