Охрид панорама од стариот дел пристаниште кеј центар
Охрид, 18. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Минатата година во Охрид се евидентирани 661 починати лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број 330 биле мажи, 331 жени, а најголем дел од починатите биле на возраст над 65 години. Како најчести причини за настапување на смртта се наведени симптоми, знаци и ненормални клинички наоди, некласифицирани на друго место R00-R99. Лани регистрирани се и две починати доенчиња.
Споредено со претходните години, во 2024 година имало помал број починати лица (621). Во 2023 имало 612, во 2022 741, додека во 2021 година вкупниот број бил 846.
Инаку Охрид и 2025 година, како и претходните неколку години ја заврши со негативен природен прираст. По квартали, во првиот беше беше најголем, – 96, а најмал во четвртото тромесечје кога беше – 46.
На државно ниво, лани имало 20.287 лице што е зголемување за 0,4 % во однос на 2024 година. Поголемиот број биле од машки пол. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.2 години, односно 76.6 години кај лицата од женски пол. Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
