Охрид, 22. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Вистински празник за уво приредија учесниците на осмиот по ред Меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од градскиот мешан хор „Vox Lychnidos“.
Секој глас донесе своја приказна, но заедно хоровите создадоа целина на што публиката не остана рамнодушна, со воодушевување ги следеше настапите, наградувајќи ги со бурни аплаузи и овации.

Диригентот на охридскиот хор м-р Бурим Хидри е задоволен од нивното претставување како домаќини, но и одличните настапи на гостинските хорови. Во уникатниот амбиент на црквата „Св. Софија“ присутните уживаа во настапите на три ансамбли од Словенија, женскиот хор „Соча“ и машкиот хор „Кромбершки водопивци“ од Нова Горица и детскиот хор „Кунгота“, два ансамбли од Србија, хорот „Атендите“ при Културниот центар Кикинда и Црковниот хор при Соборен храм на српски светители, а од Македонија настапија и женскиот младински хор при МКЦ Скопје и мешаниот хор „Драган Шуплевски“.


– Разноликоста на музичките жанрови и годинава беше и оваа година беше заштитен зна на фестивалот, понудивме хорски композиции од класична музика до современи аранжмани. Голема благодарност за поддршката упатуваме до Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Општина Охрид и неколку компании што ја препознаа вредноста на фестивалот. Нашиот репертоар беше специјално подготвен, на особено задоволство премиерно во Македонија ја изведовме композицијата композицијата „Море сокол Јане“, од македонскиот композитор Гоце Гавриловски, со кого имаме долгогодишна плодна соработка, истакна Хидри за InPress и Супер радио.

Фестивалот беше заокружување на уште една успешна сезона за хорот „Vox Lychnidos“, кој е веќе препознатлив симбол на културниот живот во Охрид, а со својата посветеност и уметничка зрелост ја потврдува важноста на хорската музика како дел од нашето духовно и културно наследство. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
