Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Избор
  • Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

1 min read
Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Охрид, 24. јуни 2026 (ИНПРЕС) – Ана Петановска, која периодов бележи значајни настапи надвор од Македонија, ја промовита македонската верзија на „Балада за Ангелот“, заедно со видеоспот.

Песната премиерно беше изведена на фестивалот „Белградска пролет“, а создадена е специјално за јубилејното фестивалско издание, на српски јазик.

Музиката е дело на еден од најреномираните македонски композитори, Григор Копров, кој инспирацијата за песната ја пронашол во едноставен, но длабоко емотивен коментар оставен под видеозапис на незаборавниот Тоше Проески. Коментарот гласел: „Кога сум тажна тука си, кога сум среќна тука си“. Токму оваа мисла станала темел за рефренот и почеток на приказната која подоцна прераснала во целосна музичка композиција.

„Балада за Ангелот“ носи силна емотивна порака и потсетува на трајната поврзаност меѓу музиката и луѓето кои во неа пронаоѓаат утеха, сила и инспирација. Публиката во Белград веднаш ја почувствува искреноста на песната, а позитивните реакции продолжиле и по фестивалската вечер. Покрај музиката на Копров, автор на оригиналниот српски текст е Душан Бачиќ, додека македонската верзија ја потпишува Ана Петановска. Аранжманот е дело на македонскиот продуцент Стефан Петановски.

Но, за Ана ова не е крај на фестивалската сезона. Следната станица е интернационалниот фестивал „Бисер на Јадранот“ (Biser Jadrana), во јули, во Тиват, а ќе настапи во дует со Наташа Михајловиќ, поранешна членка на популарната регионална група „Фрајле“. Ќе ја изведат композицијата „Под ногама“, од која се очекува да биде едно од поинтересните фестивалски изведувања ова лето. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Успешно заврши 6. Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“, македонските клубови освоија вкупно 42 медали
Next Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Повик за пријавување учесници на годинашните „Охридски староградски средби“ Повик за пријавување учесници на годинашните „Охридски староградски средби“
1 min read

Повик за пријавување учесници на годинашните „Охридски староградски средби“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.