Брисел, 8. април 2015 (ИНПРЕС) – Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц го советува премиерот на Грција, Алексис Ципрас да не го загрозува единството на Европската унија за време на посетата на Русија.
Денес и утре Ципрас ќе биде во Москва на работна посета. Тој ќе оствари разговори со рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев, со претседател на Државната дума Сергеј Наришкин и ќе се сретне со патријархот Кирил.
Светските медиуми пишуваа пред посетата на Ципрас, дека Грција планира да побара од Русија економска помош.
– Јас не знам дали Русија ќе и обезбеди финансиска помош на Грција и кога тоа може да се случи. Можам сепак да го известам Ципрас да не го нарушува единството на Европската унија, вели Шулц во интервју за германскиот весник “Билд”. (Крај)
извор: бгнес фото: архива
