Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Рама: Обединувањето на Албанија и Косово е неизбежно

Рама: Обединувањето на Албанија и Косово е неизбежно

Тирана, 18. април 2015 (ИНПРЕС) – Албанскиот премиер Еди Рама синоќа го повтори својот став за обединување на Албанија и Косово, кој претходно предизвика реакции на Белград, но и на меѓународната заедница.

– Реков дека обединувањето е нешто неизбежно и неспорно и тоа ќе се случи на патот кон Европа, изјави Рама во интервју за телевизијата „Скај Њуз Арабија“.

Рама и овој пат повтори дека ако обединувањето на Албанија и Косово не се случи во рамките не ЕУ, тогаш тоа може да се случи на друг начин.

– Другиот начин е можен доколку Европа не се вмеша во стратешките калкулации на балканските држави и во промена на изгледот на Блакнот, рече Рама.

Како што јави Танјуг, слична изјава за обединување на Албанија и Косово Рама даде и при неодманешното заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за телевизијата Клан Косова.

Рама тогаш рече дека Албанија и Косово ќе се обединат на „класичен начин“, доколку ЕУ не го отвори патот за евроинтеграција на Приштина и за визна либерализација.

– Обединувањето на Албанија и Косово има две алтернативи и се зависи од пристапот на ЕУ, рече Рама за Клан Косова.

Властите во Белград жестоко реагираа на ваквата изјава, а српскиот премиер Александар Вучиќ тогаш им порача дека Рама и Тачи дека „нема да го исполнат сонот за обединување на Албанија и Косово, без разлика кој и да ги поддржува во тоа“. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Post navigation

Previous ММФ нема да и даде на Грција дополнителен рок за долговите
Next Три лица починаа од салмонела во Дом за стари лица кај Чачак

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.