Анкара,17.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Демирел седум пати беше претседател на владата во Анкара, кој по двата воени удари и тешката економска криза, успеа да се врати на политичката сцена како претседател на Турција во периодот од 1993 до 2000 година.
Една од најмаркантните личности во турската политика во последните пет децении, почина синоќа во 2 часот по локално време во болницата „Гувен“ во главниот турски град.
Демирел седум пати беше претседател на владата во Анкара, кој по двата воени удари и тешката економска криза, успеа да се врати на политичката сцена како претседател на Турција во периодот од 1993 до 2000 година.
Неговата влада во текот на 60-тите и 70-тите години од минатото столетие е одговорна за длабоката трансформација на турското општество и економија.
Во политиката влегува по државниот удар во 1960 година, со кој беше соборена власта на Аднан Мендерес. Станува лидер на новоформираната „Партија на правдата“, победувајќи на изборите во 1965. Познат е по неговиот популистички стил на владеење, внимателно употребувајќи ги исламските симболи кој му носат подршка од конзервативната внатрешност на земјата.
Во време на неговиот мандат, Демирел се соочува со два воени удари. Првиот во 1971, додека вториот со кој делумно е отргнат во политиката, во 1980. Во 1991 повторно станува премиер, а по смртта на Тургут Озал станува претседател на Турција.(Крај)
извор:Капитал фото:архива
