Приштина, 17.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Уапсен е Рамуш Харадинај, пишува косовскиот весник „Коха Диторе“.
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово е уапсен денеска на аеродромот во Љубљана, Словенија, по потерница која за него ја има распишано Србија во 2006 година, пренесуваат приштинските медиуми повикувајќи се на извори од партијата на Харадинај.
Харадинај се враќал од Германија каде бил во официјална посета.(Крај)
извор и фото:Телма
