Белград, 18. јуни 2015 (ИНПРЕС) – Србија е меѓу ризичните земји во регионот за водење бизнис.
Ова се наведува во извештајот на американската рејтинг компанија Dun & Bradstreet, пренесе српската агенција Beta.
Според изданието, меѓу земјите од регионот најголем рејтинг имаат Словенија и Хрватска, а по нив се Бугарија, Македонија, Романија, Албанија и Унгарија. Србија и Грција се меѓу најризичните земји. Србија има оценка DB5. (Крај)
извор: Бета фото: архива
