Македонија претставена на туристички саем во Ниш

Скопје, 30.јуни 2015 (ИНПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во текот на минатата седмица во Ниш, Србија организираше „Денови на македонски туризам“.

Во рамки на овие промотивни активности биле одржани средби со туристички работници, туристички агенции, туроператори и медиуми од Србија, а Охрид бил претставен како најголема туристичка дестинација кај нас.

Охридски бисер и викенд во Охрид биле дел од наградите за најсреќните посетители на македонскиот штанд. (Крај)

извор:Инпрес фото:архива