Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Софија, 30.јуни 2015 (ИНПРЕС)- Бугарската полиција на граничниот премин „Капитан Андреево“ на бугарско-турската граница заплени 5,64 килограми хероин, чија вредност е проценета на 507.600 лева (259.500 евра).
Како што јави БТА, дрогата била откриена во автомбил со германски регистерски таблички, управувана од турски државјанин со постојано место на живеење во Германија.
Дрогата била откриена при ренгенска проверка на возилотп, при што полицајците забележале невообичаени предмети во резревоарот. При претерсот, во резревоарот биле пронајдени четири цилиндрични конзерви наполенти со жолтеникав прв, за кој е утврдено дека е хероин.
Возачот на автомобилот, кој патувал од Турција за Германија, е приведен и против него е покрената кривична постапка.(Крај)
извор:БТА фото:архива
