Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Унгарија ја започна изградбата на оградата кон Србија

Унгарија ја започна изградбата на оградата кон Србија


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Будимпешта, 14.јули 2015 (ИНПРЕС) – Унгарски војници започнале да ја подигнуваат контроверзната ограда на границата со Србија за да се спречат мигрантите да влегуваат во Унгарија. Критичарите на овој потег велат дека би било подобро унгарската влада да подигне ограда кон Австрија за да го спречи иселувањето на Унгарците.

Оваа ограда која во минатиот месец беше најавена од популистичкиот премиер Виктор Обран наиде на загрижени реакции од Србија и од Европската унија.

Првиот дел од оградата, за која неодамна германскиот канцелар Ангела Меркел оцени дека нема „никаква смисла“, почна да се подигнува на околу 180 километри јужно од Будимпешта.

Парламентот во минатата недела ја одобри изградбата на оваа бариера во должина од 175 километри. Таа ќе биде висока четири метри.

Унгарија е во Шенген зоната што значи дека ако мигрантите влезат во таа земја слободно можат да се движат и во другите земји од Шенген зоната.

Во Унгарија многу поголем проблем од имиграцијата е иселувањето, така што владата можеби треба да се изгради ограда на границата со Австрија за да ги задржи на Унгарците тука.
Ѓерѓ Ковач, активист од Будимпешта.

Од почетокот на годинава во Унгарија се регистрирани над 78 илјади мигранти кои илегално ја минале границата.

Над 77 илјади влегле од Србија. Повеќето од нив, меѓу кои има и деца и кои со недели патуваат од Грција низ Македонија и Србија, се од со војни зафатени земји како Авганистан, Ирак и Сирија.

Амнести интернејшнал деновиве оцени дека третманот на мигрантите во балканските земји бил „срамен“.

Најмногу од имигрантите сакаат да стигнат до побогатите земји на Европската унија, но унгарската влада изрази страхување дека тие земји, според шенгенските правила, би можело да ги вратат назад во Унгарија.

Неодамна Будимпешта блокира еден таков потег на Виена што предизвика тензии меѓу двете земји.

Прифатните центри во Унгарија и Австрија се преполнети, а во минатиот месец унгарската полиција употребила солзавец за да ја спречи масовната тепачка меѓу мигрантите во источниот град Дебрецин.(Крај)

извор:Р.С.Е фото:архива

Post navigation

Previous „Зери“: Двајца од уапсените кај езерото Бадовац се припадници на ИД
Next Турција: неуставна одлука за затворање илјадници приватни училишта

Слични вести

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник” 15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”
1 min read

15 години Народен театар Охрид ќе бидат одбележани со ретроспективна изложба и премиера на „Оркестар Титаник”

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид
1 min read

Прв детски фудбалски турнир „Св.Троица“ викендов во Охрид

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88 Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88
1 min read

Продолжува негативниот природен прираст во Охрид, во првиот квартал годинава е -88

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.